Пак распишан тендер за „Чебрен“

Bez autora
Feb 08 2014

Министерството за животна средина и просторно планирање на 1 февруари објавило јавен повик за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, каде што покрај постојната ХЕЦ „Тиквеш“, се предвидува изградба на уште две нови хидроцентрали. Проектот предвидува концесија за вода од Црна Река за производство на електрична енергија, вклучувајќи ексклузивно право за дизајнирање, градење, управување и одржување на ХЕЦ „Чебрен“, ексклузивно право за управување и одржување на постојната ХЕЦ „Тиквеш“ и ексклузивно право за дизајнирање, градење, управување и одржување на ХЕЦ „Орлов Камен“ врз основа на условите наведени во договорот за концесија за период од педесет и две години.

Пак распишан тендер за „Чебрен“Министерството за животна средина и просторно планирање на 1 февруари објавило јавен повик за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, каде што покрај постојната ХЕЦ „Тиквеш“, се предвидува изградба на уште две нови хидроцентрали.

Проектот предвидува концесија за вода од Црна Река за производство на електрична енергија, вклучувајќи ексклузивно право за дизајнирање, градење, управување и одржување на ХЕЦ „Чебрен“, ексклузивно право за управување и одржување на постојната ХЕЦ „Тиквеш“ и ексклузивно право за дизајнирање, градење, управување и одржување на ХЕЦ „Орлов Камен“ врз основа на условите наведени во договорот за концесија за период од педесет и две години.

Се повикуваат потенцијалните домашни и странски понудувачи до 16 април да достават понуди за заедничко вложување со ЕЛЕМ, а проектот ќе биде доделен на понудувачот кој понудил највисок процент на влог на ЕЛЕМ во заедничко вложување. Влогот на приватниот инвеститор не може да биде помал од 35 отсто, под услов дека ги исполнува критериумите за квалификација и има доставено технички и финансиски задоволителни информации, кои одговараат на барањата на тендерската документација.

ХЕЦ „Чебрен“ и „Тиквеш“, по вложувањето во заедничко вложување и опционално ХЕЦ „Орлов Камен“ ќе работат како независни производители на електрична енергија на домашниот и на меѓународниот пазар на електрична енергија, се наведува во соопштението. ИФЦ - Групација на Светска банка, е ангажирана да постапува како советник за проектната трансакција.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik